Димитров откако Тасевски беше пријавен во полиција: Дали е вратено времето на плашење и замолчување!?

news
Advertisement

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров упати поддршка до синдикалниот лидер на М-НАВ, Александар Тасевски, кој вчера бил повикан во полиција откако бил пријавен од неговиот менаџмент во Контрола за летање за наводни закани.
Тасевски е поддржувач на невладината организација на Димитров позната како „Солуција“ чии цели се справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството
„Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот! Институција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри.
Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата – дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот – својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе не’ биде.
Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!? Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!“, напиша Димитров.
Тасевски заедно со останатите стручњаци во Контролата на летови во изминатиот период гласно се бунтува против партизирање на институцијата за контрола на летање и за „наместени вработувања“ во М-НАВ, поради што имаше и неколку најави за птрајк кои во последен момент беа откажувани.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.