Киднапирале малолетно девојче и го држеле во стан во Струмица под закана со нож

news
Advertisement

Tри девојки на возраст од 17, 18 и 20 години киднапирале малолетно девојче и го држеле во стан во Струмица под принуда со нож. За случајот информираат од Министерството за внатрешни работи од каде велат пријавата до нив стигнала на втори септември во 20 часот.

Advertisement

Додаваат и дека осомничените во текот на вчерашниот ден се приведени од страна на полициски службеници на СВР Струмица.

МВР работи на расветлување на случајот по што ќе поднесе и пријави за сторителите.

Случаите на врсничко насилство се зголемени особено во постпамдемискиот период од Корона вирусот. Психолозите предупредуваат дека државата треба повеќе да води сметка за емоционалното здравје и да влијае преку школкиот систем во кој децата уште од прво одделение би учеле за своето ментално здравје, за начинот на комуникација со своите другарчиња и за меѓусебното прифаќање./telma.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.