86 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

news
Advertisement

Денеска (04.09.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 86 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.  

Advertisement

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта./tv21.tv/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.