Кина ја одобри првата вакцина што се инхалира против Ковид-19

news
Advertisement

Кинеските власти ја одобрија првата вдишлива вакцина против Ковид во светот и нејзиното производство беше одобрено денеска во северниот град Тијанџин.

Advertisement

Вакцината од компанијата „CanSino Biologics“ ќе се користи како итна бустер доза, а во понеделникот ја одобри кинескиот регулатор, соопштија од компанијата.

За примена на оваа вакцина не е потребна инјекција и полесно се чува, а се дава со прскање со помош на распрскувач во носот.

CanSino не објави кога вакцината, за која не се објавени независни студии за ефикасност, ќе биде достапна за јавноста.

Научници од повеќе земји, меѓу кои Куба, Канада и САД, развиваат вакцини кои би се земале со вдишување преку нос, што е пат на воведување на корона вирусот.

Од 2020 година, Кина одобри осум вакцини против Ковид развиени од локални фармацевти и до денес користи само кинески вакцини.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.