Клиниката за онкологија – жежок костен во Собранието

news
Advertisement

Скандалот со онкологија стигна во Собранието како товарен воз, шест месеци по објавувањето на ревизорскиот извештај во кој се регистрирани низа проблематични и незаконски практики во набавката на лековите и нивната дистрибуција. Ќе се формира анкетна комисија за утврдување одговорност за политичките и здравствените функционери по скандалот за криминал на Клиниката за онкологија.

Advertisement

-Сите очекувавме, а најмногу граѓаните кои протестираа, дека властите и органите задолжени да реагираат за вакви скандалозни и монструозни состојби да утврдат одговорност на Клиниката за онкологија. Но, бидејќи се прави обид овој случај да се заташка, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме барање за формирање за анкетна комисија. Анкетна комисија ќе ги анализира сите документи на Клиниката за онкологија. Прекршени се уставни и законски одредби. Анкетната комисија треба да утврди дали со овој скандал на Онкологија биле загрозени правата на пациентите откако надвор од употреба е исфрлен КАТО системот кој требало да ги контролира цитостатиците. Наместо на овие болни да им се пружи поддршка помош и заштита, здравствениот систем сериозно потфрлил, и изгубена е довербата и доведен во прашање е квалитетот на лекување на сите идни пациенти. Крајно е системот да профункционира и да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозно прекршување на законите. За здраво општество треба држава во пракса, а не на хартија. Овде мора да има одговорност. Криминалот на онкологија има име и презиме и мора одговорните да сносат морална, кривична и политичка одговорност, рече од собраниската говорница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Toj додаде дека директорите, министрите, премиерот и цела влада треба да понесат одговорност и дека не се знае колкав е бројот на жртвите на Онкологија.

Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека ќе гласа за одлуката за формирање на анкетната комисија и бара одговорност со име и презиме.

-Најголемиот канцер за девастирање на јавното здравство е времето од оној кој замина во гепек и ги однесе сите украдени пари од граѓаните и соништата на граѓаните. Во тоа време, познато како заробена држава, се уништи јавното здравство и се формира сваровски судството. Многу тешко се излегува од таа заробена држава. За сметка на јавното здравство блеснаа приватни болници на сомнителни транзициски тајкуни, во секое село и кооперација се отворија студии и од таму кадрите влегоа во институциите. Паралелниот увоз на лекови беше во ваше време и 25 проценти смртност на новороденчињата. Ако не постоеа бомбите немаше да знаеме што се случувало 11 години. Тогаш убивте дете на ваш митинг и го сокривте тоа. Да оставиме МВР и ЈО да си ја завршат работата а анкетната комисија да работи според деловникот. Да бидеме единствени во решавање на овој случај, а не како во други случаи со анкетна комисија да се заташкуваат работите, истакна Лазаревска.

Пратеникот Ристески од ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговори дека кадровски решенија на СДСМ го укинале КАТО системот за контрола на терапијата.

Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ рече дека КАТО системот не ја препознава биолошката терапија.

-Биолошката терапија е единствената признаена во целиот свет која влијае директно на малигните ткива и нема никакви штетни ефекти на другите органи. Со цитостатиците не е така. За првпат оваа терапија почнува да се користи во 2018 година и пред тоа за жал болните од малигни болести не биле во можност да се лекуваат со оваа современа терапија која првпат е обезбедена од владата тогаш. Тоа што го дознаваме со медиумите е дека првата пријава до ОЈО за злоупотреби на Онкологија биле во 2013 и во 2018 и двата предмети завршиле во фиока. Факт е дека првпат МВР заедно со ОЈО влезе во Клиниката за онкологија за да утврди дали кога и како се злоупотребувале лекови платени со народнни пари. Првпат пациенти се вклучени од ЈО за да помогнат случајот да биде расчистен и секој кој се дрзнал да одговара законски. Ние како пратеници го поддржавме формирањето на оваа анкетна комисија која треба да утврди дали има и политичка одговорност. Ги поддржувам и пациентите кои бараат редовно да ја примаат соодветната терапија. Сигурен сум дека најголем дел ја примале а ако имало злоупотреби да се евидентираат со име и презиме. Не го поддржувам политичкото лешинарство на помалите политички партии, рече пратеникот Коциќ.

Пратеникот од Левица Борислав Крмов потенцираше дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се одговорни за проблемите на онкологија бидејќи кривични пријави за злоупотреби има во времето кога двете партии се на власт.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/klinikata-za-onkologija-zhezhok-kosten-vo-sobranieto/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.