Синовите на Стевчо Јакимовски влегуваат во бизнис со напредна медицина заедно со кардиологот Борче Петровски

news
Advertisement

Синовите на градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски, влегуваат во бизнис заедно со Борче Петровски, поранешен директор на Клинички центар и поранешен директор на Клиника за кардиологија во Скопје

Advertisement

Дамјан и Гоце Јакимовски се основачи на „Фоибос ДОО Скопје“, заедно со специјалистичката ординација по кардиологија „Прима“ во сопственост на познатиот кардиолог Петровски. Фирмата е регистрирана на адресата на ординацијата „Прима“ во зградата во скопски Млечен Ресторан во Карпош. Меѓу основачите се и докторите Роберт и Александар Шумковски, од кои едниот е познат неврохирург, а другиот абдоминален хирург.

Петровски ни изјави дека во наредниот период со свои удели во проектот ќе влезат нови странски содружници од Австрија, Холандија, Канада и Грција, а фирмата најпрво ќе започне со носење на нови напредни технологии и опрема за разни медицински дејности.

– Едниот од синовите на градоначалникот живее во Канада и таму тој има свои контакти со деловни партнери. Така дојде до соработка. Тие сакаа да се вклучат во проектот, а допрва ќе се вклучуваат нови партнери од странство. Целта е да го подобриме македонското здравство и да донесеме нови знаења. Криво ми е што порано доаѓаа пациенти од странство тука, а сега наши одат во Турција само за да стават еден стент, вели Петровски.

Тоа што фирмата е регистрирана со дејност „управување со недвижен имот“, како што вели тој, е само општа назнака. Петровски додава дека проектот е старт-ап кој најверојатно ќе прерасне во приватна поликлиника.

– Ние ќе работиме со стручњаци од странство, со помош на современи технологии и тоа ќе треба да даде придонес да се поправи општото здравство во земјата. Пристапот ќе биде со една нова стратегија и ќе бидат воведени нови процедури на лекување, додава кардиологот.

За оваа информација се обративме и кај градоначалникот Јакимовски, но од негова страна не ни беше овозможено да стапиме во контакт.

Извор: https://faktor.mk/sinovite-na-stevcho-jakimovski-vleguvaat-vo-biznis-so-napredna-medicina-zaedno-so-kardiologot-borche-petrovski

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.