Ковачевски: Германија стои зад нас

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на дводневната официјална посета на Берлин во изјава за медиумите рече дека „вчера беше исклучително јасна пораката на канцеларот, Германија останува еден од најпосветените партнери и држава која што практично дава најголема поддршка на земјите од Западен Балкан за интеграција во ЕУ. Беа одговорени и добар дел од прашањата кои се поставуваа, а тоа се однесува на одлуките кои треба да ги донесеме. Канцеларот беше многу јасен дека Германија стои зад нас и дека она што е договорено со 27-те земји членки на ЕУ и е дел од преговарачката рамка практично е она до што се придржуваат земјите членки на ЕУ и дека гаранција за тоа се земјите членки на ЕУ“.

Advertisement

Пораката на македонскиот премиер е дека Шолц „ја изрази поддршката на Германија во делот на одлуката која ја имаме пред нас, а тоа е гласањето на уставните амандмани за вметнување на други делови од народи вклучувајќи ги деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот устав“. Тоа е одлука која што треба да се донесе до завршувањето на скринигот со цел процесот да не застане и да може Северна Македонија непречено да го продолжи отворањето на поглавјата и реформите кои ќе следуваат, за што повторно ќе бидат потребни 2/3 во делот на реформата на правосудството, во делот на реформата на јавната администрација, реформата на медиумите сè се тоа закони кои што донесуваат со 2/3 мнозинство. Затоа велам дека овој тип на гласање и овој тип на реформи не треба да биде предмет на дневно политички дебати и теми на кои се добиваат дневно политички поени од избори на избори, туку треба да бидат предмет на еден општествен консензус бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните“ рече Ковачевски.

Економијата е една од темите кои се многу значајни во делот на соработката со Германија, земја која е најголем трговски партнер на Северна Македонија, над 3,5 милијарди евра годишен извоз од земјава оди во Германија. Потоа 200 германски компании се инвеститори во Македонија којшто вработуваат над 20.000 работници.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.