Ковачевски: Граѓаните заслужуваат да живеат во ЕУ

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски во видео обраќање на сите граѓани им ја честита Новата 2023 година, со верба дека годината пред нас ќе биде подобра.

Advertisement

„Зад нас оставаме тешка година полна со многу предизвици и многу неизвесност, со тешки и критични моменти наметнати од економската и енергетската криза. Ветивме дека никој нема да биде оставен сам, и ветувањето го исполнивме. Спречивме ценовни шокови, обезбедивме стабилна и евтина струја од домашно производство за сите домаќинства и мали компании, ги поддржавме работниците, бизнис заедницата, пензионерите, ранливите категории граѓани“, рече Ковачевски.

Премиерот се осврна и на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

„Донесовме и тешки, но државнички одлуки и после три децении, започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Денес седиме гордо на големата маса во Брисел и директно учествуваме во одлуките кои се однесуваат на нашата европска иднина. Во новата 2023, сите заедно да продолжиме да ја градиме европската иднина на земјата. Затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука, дома во Северна Македонија. Заслужуваат да живеат во земја дел од сојуз со врвна демократија, социјална правда, владеење на правото и забрзан економски развој. Граѓаните заслужуваат да имаат подобар и побогат живот.“, додава тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.