Ковачевски: Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во ЕУ

news
Advertisement

Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот.

Advertisement

Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани. – Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет и силна волја, нагласи премиерот.

Следната недела, како што информира тој, почнуваме со билатералниот скрининг за Кластер 2 – „Внатрешен пазар“, а досега е завршен билатералниот скрининг за Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

– Досега имаме квалитетни презентации во сите поглавја, а коментарите од Европската комисија за досегашните презентации се одлични. Добар процент на усогласеност имаме во правната рамка во носењето на законите, но секако остануваат отворени прашањата на кои треба да се посветиме, а тоа се реформата на јавната администрација, механизмите за владеењето на правото и борбата со корупцијата. Овие теми ќе биат отворени во текот на целиот преговарачки процес и затоа очекувам секоја институција да е на ниво на задачата и одговорно да пристапи кон овој процес, нагласи Ковачевски.

Според премиерот, целта за членство во големото европско семејство до 2030 година не е невозможна цел.

– Имаме јасен план и поставена цел дополнителна движечка сила за побрз реформски процес, сега треба да се фокусираме на спроведувањето на реформската агенда, потенцира Ковачевски.бд/мс/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.