Ковачевски за пожарот во модуларната болница: Сите документи се кај правосудните органи, вештачењето не е во домен на Владата

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека сите документи и сите податоци кои што треба да се достават до надлежните органи во однос на случајот со опожарената модуларна болница во Тетово, се доставени.

Advertisement

Што се однесува до други кои што беа прензентирани, тие ниту биле, ниту се во ингеренции на Владата, туку ги имаат правосудните органи. Владата и јас како премиер имаме објективен став во однос на било кој случај, предмет и поединец и правосудните органи се слободни да одлучуваат согласно со закон и процедурите и врз основа да донесат конечни постапки, без било какво мешање, истакна Ковачевски.

Претседателот на Владата истакна дека ингеренциите во однос на постапувањето на Обвинителството и Советот на обвнителители, се во рамките на Собранието и тоа може да постави прашање до било кој обвинител, особено до републичкиот јавен обвинител и смета дека тој треба да биде апсолутно на располагање во однос на било кој случај.

Веројатно тоа беше најтрагичниот настан во нашата понова историја. Вештачењето не е во домен на Владата, јас го немам видено. Едиинствен одговор кој што може да даде за вештачењето на германските вештаци е тие што го нарачале и тие што го имаат, кажа Ковачевски за објавената сторија на ИРЛ.

Што се однесува за плаќањето на останатите модуларни болници, премиерот има став дека ќе може да биде извршено, само кога ќе бидат завршени сите правосудни постапки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.