Ковачевски: Интеграциите на Западен Балкан се важни за безбедноста и стабилноста на ЕУ

news
Advertisement

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија рече дека денес продолжуваат со две други сесии.

Advertisement

„Првата е со нашите партнери од Индо – пацифичкиот регион, тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија на коишто ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент“, изјави Ковачевски.Тој објасни дека на состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Eвропскиот Совет Шарл Мишел.

„На состанокот ние претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираме и ставот за важноста на европските и евроатланските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека ќе одржи средба со премиерот на Грција Мицотакис, а ќе продолжи и втората сесија за денес која се однесува за првиот состанок на Советот на НАТО – Украина.

„На овој состанок ќе разговараме подетално во однос на поддршката којашто НАТО ја дава на Украина, меѓутоа и за чекорите кои ќе бидат направени во иднина а сè со цел поголемо приближување на Украина кон НАТО“, рече Ковачевски/
Тој појасни дека вчера на првата сесија од самиот се потврди единството во НАТО Алијансата.

„Сите го поздравивме влегувањето на Финска како 31 членка и чекорот кој е направен пред финално влегување во НАТО Алијансата на Шведска. Беа донесени многу важни одлуки, првата во однос на продолжувањето на поддршката на Украина. Беше донесена одлука за 2% од БДП да биде минимум издвојување за одбраната, пришто 20% најмалку да биде за модернизација. Голема одлука беше донесена во однос на проширувањето на соработката на НАТО земјите во делот на сајбер безбедноста и во делот хибридните закани коишто ги гледаме околу нас.“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека според вчерашните информации од генералниот секретар на НАТ Јенс Столтенберг веќе е донесен нов план во однос на приближувањето на Украина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.