Ковачевски му го отстапи премиерското столче на Џафери/ФОТОГАЛЕРИЈА

news
Advertisement

Досегашниот премиер Димитар Ковачевски му ја предаде функцијата на претседателот на преодната влада, Талат Џафери.

Advertisement

„Го реализиравме примопредавањето на функцијата Претседател на Владата согласно законските обврски за организирање на техничка влада чија што основна задача е да организира и спроведе слободни, демократски и фер претседателски и парламентарни избори. Сите започнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очеувам посветеност во работата концентрација на сите во владата и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво“, рече Ковачевски и апелираше до сите политички субјекти кои од денеска ќе бидат во владата да работат во интерес на граѓаните.

„Повикувам владата и сите во неа без разлика на партиската припадност да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста. Владата успеа да воспостави систем кој функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, очекувам сите да покажат јасна политичка волја за да се поддржи и одржи и економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори како што доликува на држава членка на НАТО и држава со отпочнати преговори со ЕУ“, истакна Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.