Штрајк во ФЗО доколку се донесе одлуката за намалување на плататите на 21 процент

news
Advertisement

Доколку Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска на седница донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент, тие ќе стапат во штрајк, на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и другите услуги, најави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ.

Advertisement

Членови на синдикатот пред зградата на Фондот го чекаат исходот од продолжението на седницата на Управниот одбор што почнала на 4 јануари, за, како што рече Аџигогов, непринципиелниот предлог со кој се бара намалување на платите на вработените.

– Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, зе бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент, изјави Аџигогов.

Според него, УО моментно не може да донесе одлука затоа што, наведе, е поделен, тројца членови се зад нас, а еден е против. За да се донесе одлуката потребно е мнозинство од четири члена.

Со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, според Аџигогов, 25 проценти ќе добиваат плата со износ под минимална плата, а 25 проценти колку минималната плата.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деановски порача дека Владата нема ингеренции да бара ништо од Фонд за здравство бидејќи е самостојна институција.

Потсети дека Синдикатот и раководството преговарале осум месеци и успеале да издејствуваат 15 проценти покачување на платата, но како што наведе, „министерот за финансии Фатмир Бесими побарал, а Владата го поддржала во барањето да се намалат платите за 21 процент“.

-Од нас се бара да се извршуваат можеби најсложените работни задачи од здравственото осигурување во државата што е примарна дејност на Фонд за здравство. Доколку се донесе ваква одлука со намалување жал ми е што ќе кажам, но ќе патат само граѓаните, тие кои се на боледување, нема да се работи воопшто ништо какви притисоци и да имаат и вработените кои се членови на Синдикатот на УПОЗ, најави Деановски.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари, од кој износ за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.