Advertisement
Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека кратење на платите во јавниот сектор нема да има и дека синдикалните организации погрешно го интерпретираат документот. Документот кој го добиле вчера на Економско социјалниот совет е програма за рационализација на трошоците, вели премиерот.
Advertisement
„Не е целта да се скратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост кој содржи низа на мерки за консолидација на трошоците и подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните“, рече Ковачевски.
Advertisement