Ковачевски: Не бев во војска дека имав операција

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што го гледаме во јавноста изминатата недела е вистина и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во огромна криза, стои во реакцијата на Премиерот Ковачевски по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека избегнал служење на воен рок претставувајќи се како неспособен.

Advertisement

„Сепак, јас како претседател на СДСМ никогаш нема да дозволам политичката дебата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ и културно ќе одговорам на лагите и навредите. Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат.“ наведува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.