Ковачевски: Ние имаме обврска да им оставиме на идните генерации европска Македонија

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА предупредува дека како држава не смееме да направиме историска грешка и да ја пропуштиме единствената шанса Северна Македонија после децении да ја постигне својата друга стратешка цел, да стане членка на ЕУ.

Advertisement

Ковачевски ги повикува пратениците и опозицијата наместо да бараат изговори да дадат поддршка на измената на Уставот со што ќе обезбедат европска иднина на земјата и за идните генерации. Тој го потенцира ставот на ЕУ дека – нема да има подобар договор, нема да има нов договор, нема да има друга преговарачка рамка.„Ние имаме обврска да им оставиме на идните генерации европска Македонија, не треба да се калкулира со следните чекори, треба да се донесе одлука и да продолжи државата на европскиот пат. Само на тој пат ние ќе си го зачуваме она што го имаме во однос на историскиот, културниот и јазичниот идентитет, само на тој начин ќе си ги зајакнеме позициите кон меѓународната заедница и партнерите и воедно ќе ја подобриме сегашната состојба. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат големи достигнувања, заслужуваат европски стандард и подобар живот, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, нашата алтернатива е ЕУ. Ова е суштината. Нашата сила е во обединувањето и секој што и мисли добро на оваа земја треба да биде подготвен за заеднички државнички одлуки“, вели премиерот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.