УЖАСОТ ВО СЛОВЕНИЈА НЕ ЗАПИРА Пронајдено мртво тело затрупано во септичка јама

news
Advertisement

Човекот починал додека ги отстранувал последиците од поплавите поредизвикани од силното невреме што ја зафати Словенија.Во септичка јама во областа Мост при Коменда во Љубљана, пронајдено е затрупано мртво тело, јавува словенечката новинска агенција. Според првичните информации што ги пренесуваат словенечките медиуми, се работи за маж кој починал додека ги отстранувал последиците од поплавите поредизвикани од силното невреме што ја зафати Словенија.

Advertisement

Човекот настрадал кога расчистувајќи паднал во јама со отворена шахта. Се наведува дека смртта не е последица на кривично дело.

Полицијата продолжува да прибира информации и сите околности ќе ги пријави до надлежното државно правобранителство, соопшти словенечката полиција.

Во невремето во Словенија животот го загубија четири лица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.