Ковачевски: После изборите јас повторно ќе бидам претседател на влада што ќе ја внесе државата во ЕУ

news
Advertisement

„За СДСМ, најголемата политичка партија во државата, воопшто не е прашање дали изборите ќе бидат во месец мај или во месец јуни, бидејќи ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на избори и која што сигурно ќе ја формира новата влада, и претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од европската коалиција ќе биде победник на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година“, рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Advertisement

Тој додаде дека се разговара помеѓу коалиционите партнери за модалитетот на изборите, но јасно е дека во земјава се издвојуваат два концепта, од кои едниот е европски, составен од коалиционите партнери во сегашната влада.

„Сметам дека ова коалиција ќе биде договорена за следните избори и тоа ќе биде победничката коалиција која што ќе ја внесе државата во ЕУ. Јас тоа ви го кажав и на почетокот на овој мандат, ние ќе имаме техничка влада нормално како е препишано со закон, бидејќи тоа е законско решение на 100 дена пред изборите, меѓутоа после изборите јас повторно ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на влада кој што ќе предводи влада која што ќе ја внесе државата во ЕУ“, истакна рече Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.