Ковачевски: Рестрикции на струја зимава не се опција за Владата и за ЕСМ

news
Advertisement

Генералниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, вечерва во „360 степени“ на Алсат зборуваше за енергетската криза и за можноста зимава да има рестрикции во снабдувањето со струја.

Advertisement

„Ова е најчесто поставувано прашање, затоа што нашата држава и регионот, но и цела Европа, се наоѓаат во глобална економска криза. Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија, рече Ковачевски.

Според него, во Владата и ЕСМ рестрикциите „не се опција“.

„Затоа што интензивно се подготвуваме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да ги покриеме количините за регулираниот пазар, но и дополнителни количини за слободниот пазар“, рече Ковачевски

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.