Почина Невенка Кочовска: Жената со магичен глас и главниот вокал на „Мањифико“

news
Advertisement

Пред само неколку минути, познатата актерка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук објави фотографии од својата мајка Невенка Кочовска, а во описот остави само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата.
Жената со магичен глас и главниот вокал на „Мањифико“ во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест. Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба.
Невена беше дел од вокално – инструменталниот ансамбл „Мањифико“ кој бил активен на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, „Мањифико“ настапиле во 37 земји, остварувајќи 3700 концерти, а покрај тоа учествувале и на 600 добротворни настапи.
Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас, како што во една прилика изјави нејзината ќерка Тања, останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да нѐ почести со прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.