Ковачевски: Сорос беше кај мене на слава, а на самитот беше како претседател на фондацијата

news
Advertisement

Димитар Ковачевски, кој денеска поднесе оставка како премиер, во емисијата „Само Интервјку“ на Канал 5 рече дека синот на Џорџ Сорос учествувал на неодамнешниот самит на земјите од Западен Балкан во Скопје како што рече – како прв човек на фондација која ги поддржувала демократските процеси на Македонија.

Advertisement

„Беше на слава кај мене прво, ние сме пријатели, мене ми е семејна слава Св Јован, а тој беше со свои соработници и тоа го објави. А на самиот Самит беше неформално, таму имаше претставници на Евроатлатснкиот совет, на финансиски и невладини институции, на Светска, Европака банка. Сорос фондацијата е присутна одамна во Македонија и често тој учествува на меѓународните состаноци. И тој присуствува во својство на претседател на фондацијата, која има позитивен удел во нашата историја , во демокреатските процеси на меѓународно етаблирање на земјата, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека не е вистина дека неговиот претходник Зоран Заев побарал оставка од него и дека на неодамнешниот заеднички ручек со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поранешниот премиер присуствувал за да сподели искуства.

– Тој беше на работен ручек со Али Ахмети. Го закажавме за да разговараме како треба да изгледа процесот на европски интеграции. Сите го споделуваа своето искуство, а вие не може да го занемарите искуството на Заев. Тој беше човек кој водеше процес на рушење на режим и за влегување во НАТО, додаде Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.