КОВАЧЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ПРЕГОВАРА СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА КОРИДОРИТЕ Премиерот очекува амбасадата на САД и овојпат да ја одигра својата улога

news
Advertisement

Преговараме!

Advertisement

Вака кусо одговори премиерот Димитар Ковачевски денеска на брифинг со новинарите, на прашањето дали преговара со ВМРО- ДПМНЕ за донесувањето на законските измени за изградбата на коридорите 8 и 10Д.

– Не преговараме со Левица, нема зошто – додаде тој.

Во однос на тоа дали зборувал со некој пратеник од опозицијата, тој одговори:

– Никогаш не сум разговарал со некој пратеник како да одлучува. Обврска е на секој поединец да носи одлука која е од интерес на граѓаните. Ниту барам нотарски изјави, ниту барам некој слепо да го следи моето мислење. Настапувам со аргументи – рече Ковачевски.

Тој се осврна на директната поддршка од САД во врска со донесувањето на уставните измени и на изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Гласот на Америка. Тој нагласи дека нашите стратешки партнери САД изразиле загриженост за блокадата од опозицијата во Собранието. – Има директна порака до опозицијата. Мене не ми треба поддршка од опозицијата за мене, само што идеолошките разлики не можат да бидат пречка за развојот и за иднината на државата. Ескобар даде директна поддршка за уставните измени. Европскиот интегративен процес е неповратен процес и никој не може да го сопре. Опозицијата не треба да ме поддржи мене, туку граѓаните и државата на европскиот пат. Во опозицијата има дел луѓе кои не мислат како нивното раководство и тие треба да се охрабрат. САД преку нивната амбасада во Скопје секогаш биле присутни во поддршката на реформските процеси и верувам дека така ќе биде и сега – рече Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска негираше дека неговата партија преговара со власта во врска со уставните измени.

– Во овој парламентарен состав, со СДСМ за уставните измени ниту се преговарало, ниту се преговара, ниту ќе се преговара. За ВМРО-ДПМНЕ таа тема е завршена – изјави Мицкоски за Плусинфо.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифингот појасни на што се однесуваат плановите А и Б кои ги спомна неодамна.

– Планот А е завршување на уставните измени. Планот Б е незавршување на уставните измени и прекинување на преговорите. Албанија да продолжи сама, а ние влегуваме во декада на изолација. Ќе влеземе во период на изолација во кој ќе нѐ третираат како трета група на земји, а ние внатре ќе се гушиме – рече Османи.

Во врска со шпекулациите дека преговарачката рамка со Македонија не е донесена, вицепремиерот за европски интеграции Бојан Маричиќ појасни дека таа е донесена и нема да се менува, но дека ќе се објави на втората меѓувладина конференција која ќе се одржи откако ќе бидат донесени уставните измени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.