Ковачки: Да беше компетентно раководството на СВР Велес, немаше да дојде до убиство на Вања

news
Advertisement

Пратеникот Драган Ковачки во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа рече дека поради некомпетентност на раководството на СВР Велес не бил баран автомобилот на Панче Жежовски, поради што полицијата не го спречила ниту убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Advertisement

„Убиството на Панче најверојатно не можело да биде спречено, но потоа имаме сонеж дека е можно да било спасено девојчето од киднапирање и убиство. На самата прес-конференција на 4 декември следеше несреќна прес-конеференција на која беа искажани лаги од министерот Оливер Спасовски.

Лага беше министерот кога изјави дека на 27 ноември го наоѓаат на камери автомобилот на Панче, а пред тоа наводно не го забележале. Прашавме дали е регистрирано на 25-ти, и 24-ти на системот за камери, првиот во утринските и вториот во попладневните часови, прво кај Александар Палас на влезот во Скопје, но тука некаде оперирало и вториот ден. На 27 е пронајдено возилото пред Александар Палас, а во тој момент тоа беше најобезбедувана локација поради Самитот на ОБСЕ. Третата лага беше дека не го барале возилото, МВР знаело дека возилото е исчезнато, објавивме телеграма во која стои од 28-ми СВР Велес дека на 24 ноември се пријавува исчезнато лице Панче со „неговото возило Цитроен“, а така го пријавува и неговата ќерка. Ако било барано возилото ќе било регистрирано во Скопје на системот „безбеден град“. По автоматизам лицата немало да го направат тоа што го направиле

Во Велес поставени се партиски кадри, началници поставувани со двојно помалку стаж од потребниот. Не е свртено доволно внимание на првото исчезнато лице, а возилото е клучниот момент. Станува збор за целосно потфрлање на системот.

Се прави централна објава, но ја направиле задоцнето, не го барале автомобилот а знаеле дека недостига. Веднаш откако го пријавувате лицето и неговото возило, следува процедура на објавување и потрага по лицето. Возилото било детектирано на 24-ти, на три дена пред убиството на девојчето. Знаеле, го има на камерите, а не го барале и тоа е најголемиот проблем“, рече Ковачки во емисијата.

Извор. https://www.faktor.mk/kovachki-da-beshe-kompetentno-rakovodstvoto-na-svr-veles-nemashe-da-dojde-do-ubistvo-na-vanja?fbclid=IwAR1831FS__2wsVKh3aywbDTsouD3DMyA-AvnbD1o6XTPkdTuk2NQhh4z8-0

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.