СИТЕ 66 ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИТЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗРЕШАТ, А СОЗР ДА СЕ УКИНЕ! Министерот Меџити се залага за спојување во еден Клинички центар

news
Advertisement

Приоритет од првиот ден ми е спојување на Клинички центар, а како референтен пример ми е Словенија, со ист број жители, истата географска големина. Не треба да откриваме топла вода – рече министерот Меџити.

Advertisement

Сите 66 директори на универзитетските клиники во Клиничкиот центар во Скопје треба да се разрешат и треба да се укине и Службата за заеднички работи која во изминатиот период ништо не работи освен што од година во година ги зголемува долговите – рече министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија во македонското Собрание.

– Јас сум за тоа дека треба да се тргнат овие директори и сите тие јавни набавки да бидат на ниво на еден заеднички клинички центар, а не со Заеднички служби кои ништо не работат, не ги знаат одговорностите, само од година во година ги зголемуваат долговите. Затоа ова е конкретна јасна мерка и во иднина ќе видите дека ова ќе биде реалност и како ќе се справиме со сите овие нерегуларности – рече министерот Меџити.

Тој рече дека македонскиот клинички центар треба да се реформира по урнек на Клиничкиот центар во Љубљана.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.