„Кога ќе умрам, продајте се, оставете само едно“: Животот на Берлускони одбележан со скандали и афери за проституција и корупција

news
Advertisement

Италијанскиот бизнисмен и политичар Силвио Берлускони е роден во Милано на 29 септември 1936 година, а неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати, пишуваат светските медиуми. По дипломирањето на Универзитетот во Милано, Берлускони започнал како претприемач во средината на минатиот век, прво во 60-тите години во секторот на недвижности, пред да се сврти кон медиумскиот сектор, телевизиски и издавачки, во 80-тите години.

Advertisement

Тој влезе во политиката во 1994 година, со основањето на движењето „Напред Италија“ (Форца Италија“.
До 1990-тите, тој имаше повеќе од 150 бизниси, вклучувајќи три телевизиски мрежи и најголемата издавачка куќа во Италија.

Тој беше премиер на Италија во 1994 година, во периодот 2001–2006 година, како и 2008–2011 година, што го прави повоен премиер на Италија со најдолг, деветгодишен мандат.

Соочен со конфликт на интереси и други обвинувања, тој поднесе оставка во декември 1994 година. Подоцна беше осуден за измама и корупција, иако пресудите на крајот беа поништени. И покрај обвинувањата и критиките за неговата контрола врз голем дел од италијанските медиуми, тој остана лидер на партијата „Напред Италија“ и повторно стана премиер во 2001 година.

Берлускони беше контролен акционер на „Медиасет“ и сопственик на италијанскиот фудбалски клуб „Милан“ од 1986 до 2017 година.

Презентирајќи ја својата биографија „Епската приказна за милијардерот кој владееше со Италија“ на новинарот на „Газета“, тој рече дека нема намера да го напушти „Милан“ додека не донесе нови успеси на клубот и опиша колку му значи овој клуб.

„Веќе им кажав на децата дека кога ќе заминам, ако сакаат, можат да продадат се што ќе им оставам. Единствено да не продаваат две работи: мојата куќа во Аркоре и поголемиот дел од сопственоста на „Милан“, кажа Берлускони.

На едно место во неговата биографија тој опишува колку неговото детство било поврзано со „Милан“.

„Вистинската важност на „Милан“ ме потсетува на моето детство, на татко ми. Разговаравме речиси секоја вечер кога ќе се вратеше од работа. Во тоа време клубот не беше голем, но јас се идентификував со некои од играчите и сонував за „Милан“ Кога ме замолија да го купам „Милан“, веднаш помислив на татко ми и решив да го купам клубот“, се вели во книгата за човекот во чија ера „Милан“ пет пати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите и осум пати титулата во Серија А.

Во 2018 година, Форбс го рангираше Берлускони како 190 најбогат човек во светот со нето богатство од 8 милијарди американски долари. Девет години претходно, Форбс го рангираше на 12-тото место на листата на најмоќни луѓе во светот за неговата доминација во италијанската политика.

На изборите во 2006 година, неговата коалиција беше поразена од блокот на левиот центар предводен од Романо Проди. По оставката на Проди во 2008 година, Берлускони доби трет мандат како премиер. Сепак, низата лични скандали и нестабилната италијанска економија предизвикаа да избледи поддршката на Берлускони и тој поднесе оставка во ноември 2011 година.

Антонио Тајани, кој заедно со Берлускони ја основаа „Напред Италија“ во 1993 година, своевремено изјави дека поранешниот премиер е лидер во сите сфери на животот.

„Берлускони е лидер како претприемач, лидер во фудбалот, како долгогодишен сопственик на „Милан“, еден од најважните политичари во историјата на Италија, кој напорно работеше во корист на трансатлантските односи“, рече Тајани.

Политичките достигнувања на поранешниот премиер беа засенети од безброј кривични пријави против него – иако единствената пресуда што не беше поништена во жалбата беше за даночна измама – и неговите озлогласени секс забави, познати како „бунга бунгас“, на кои често се појавуваа помлади убавици кои му служеа за неговиот имиџ и напредување во кариерата.

Берлускони е осуден на седум години затвор поради проституција со малолетници за време на организирани забави. Казната е укината во жалбена постапка. Така, пресудата дека платил за секс со малолетна Мароканка, позната како „Руби крадец на срцето“, била поништена, иако потоа се соочил со две обвиненија за поткуп на сведоци за да молчи.

Џовани Орсина, професор на Универзитетот Луис во Рим, верувал дека тој човек никогаш не треба да се потцени.

Советниците на Берлускони, наводно, му рекле дека е целосно луд кога првпат станал ТВ тајкун, и повторно, кога сакал да стане премиер, професорот Орсина вели:

„Тој е човек од кој можеш да го очекуваш невозможното“.

Берлускони зад себе остави пет деца од два брака.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.