Општините од Североистокот со иницијатива за изградба на центар за бездомни кучиња

news
Advertisement

Општините од Североисточниот плански регион се едногласни во потребата од изградба на заеднички центар за згрижување бездомни кучиња. Ова го истакна градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски одговарајќи на новинарско прашање на последниот брифинг со медиумите.

Advertisement

Според Димитриевски, таквата идеја е добра, но има многу предизвици.

– Се поставува проблем и откако ќе се изгради тој центар и ќе се пополни капацитетот, како ќе се спречи прогресијата на ширење на кучињата во градот, бидејќи имаме такви случаи во Скопје каде има таков центар. Се направи одреден центар во Струмица и повторно се појавуваат истите проблеми, бидејќи бројката на домашни миленици која се остава без грижа е огромна. Тоа значи дека мора да се работи на совеста на самите граѓани, рече Димитриевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.