Колку скали треба да искачиме за да ослабнеме?

news
Advertisement

Губењето на килограмите може да стане полесно ако во секојдневието ја вклучиме и физичката активност. Една од оние физички активности кои можат да го забрзаат слабеењето е качувањето по скали. Слабеењето е процес кој бара не само дисциплина во однос на исхраната, туку и упорност. Меѓутоа, ако на целата постпака ја додадеме и физичката активност, не само што ќе губиме килограмите туку и ќе го одржуваме телото здраво. Еден од најлесните и најефикасните начини да ја вклучите активноста во вашата дневна рутина е да пешачите секогаш кога можете и да ги користите скалите секогаш кога можете. Качувањето по скали нагоре – надолу е многу ефикасен тренинг кој помага во согорувањето на калориите.
Колку калории треба да согориме за да ослабеме?
Одговорот на ова прашање е субјективен. Колку калории треба да согори човекот зависи од тоа колку калории внесува, колку е физички активен и каков е неговиот животен стил. Луѓето кои консумираат помалку калории може да ги согорат за време на рутински активности. Другите кои трошат повеќе калории и имаат седентарен начин на живот сепак мора да работат понапорно. Според „Healthline“, на просечна жена ѝ требаат околу 2.000 калории дневно за да ја одржи својата тежина, а 1.500 калории за да изгуби половина килограм неделно. 2000 калории дневно е исто така препорачаната количина на калории за жените. Затоа, ако ја консумирате препорачаната количина на калории за да ја одржите вашата тежина, треба да согорите 500 калории дневно за да изгубите тежина.
Колку калории согорува качувањето по скали?
Овде доаѓаме до одговорот на најважното прашање за многумина, а тоа е колку качувањето по скали ви помага во постигнувањето на целта, односно колку калории ќе согориме на еден таков тренинг. Ако изберете скалила со 10 до 12 скалила за тренинг, ќе согорите две до пет калории одејќи надолу и нагоре еден по еден чекор. Човек од 54 килограми согорува околу 235 калории качувајќи се по скали половина час. Секако, на тоа колку калории ќе согорите влијаат неколку фактори како што се моменталната тежина, тежината на искачувањето и времетраењето на тренингот. Она што треба да го имате на ум е дека искачувањето или спуштањето премногу скали не е најздравата опција за вашите колена, па затоа секогаш е подобро да комбинирате неколку различни тренинзи за конзистентен резултат, како брзо одење или трчање.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.