Комисијата за заразни болести денеска одржува состанок за состојбата со епидемијата на голема кашлица

news
Advertisement

Во Скопје за два месеци детектирани се 120 случаи на голема кашлица, најмногу кај деца, но има и возрасни кои се заболени со пертусис. Комисијата за заразни болести денеска разгледува воведување нови мерки по повод состојбата со пертусис.

Advertisement

Невакцинираните деца се во најголема опасност од болеста, па затоа една од препораките на Комисијата за заразни болести беше во градинките да не одат невакцинираните деца додека не го исполнат имунолошкиот календар и не ги примат сите дози. Вакцината се прима на 2, 4, 6, 18 месеци и на 7 години.

На Детската Клиника во Скопје е хоспитализирано едно доенче од Куманово со голема кашлица кое било примено во петокот. Неговата здравствена состојба е стабилна. За само една недела, од 23 до 29 февруари пријавени се 56 нови случаи на голема кашлица што е двојно зголемување споредено со претходната недела.

Институтот за јавно здравје во извештајот објавен на 1 март, наведува дека најголем дел од пријавените случаи се во Скопје, каде е и прогласена епидемија. Постои опасност дека има и недетектирани односно лица кои имаат пертусис а не се дијагностицирани. Заболени има и во Дебар и Струмица. Возраста се движи од новороденчиња до лица на 70 години, но најмногу од заболените се деца од 10 до 14 години. Од новите 56 случаи три се хоспитализирани.

Големата кашлица е предизвикана од бактеријата Bordetella pertussis и е многу заразна респираторна болест позната по силните напади на кашлање.

По овие напади, болните често мора да земат длабок здив. Како и ковид-19, инфекцијата се шири низ респираторниот тракт кога заразеното лице кашла или кива. Луѓето во близина можат да ги вдишат овие капки и да се заразат, истакнува Националната здравствена служба на Велика Британија.

Големата кашлица ги погодува сите возрасти, кај возрасните обично е поблага и се опишува како 100-дневна кашлица што може да се лекува. Но, кај децата тоа може да доведе до компликации – пневмонија (воспаление на белите дробови), отежнато дишење и напади.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.