Компании со над 10 милиони евра промет и над 20 отсто профит, ќе плаќаат 30 отсто данок на солидарност

news
Advertisement

Компании кои имале повеќе од 10 милиони евра промет и ако имаат над 20 отсто профит за 2022 година, во однос на просекот од претходните четири години, без 2020-та, ќе се даночат со 30 отсто данок на солидарност. Ова е предлог-законот за овој данок што вчера мина на владина седница, а кој треба да биде усвоен во собранието.

Advertisement

Проценките на министерството за финансии се дека со овој данок би биле опфатени околу 200 компании и се проценува дека ќе се соберат 70 до 80 милиони евра, кои ќе се трошат за анти-кризни мерки.

Владата вчера на седница го усвои предлог-законот за данок на екстра профит. Од владата велат дека воведувањето на овој данок има солидарна функција и ќе обезбеди пари, што во целост ќе се користат за финансирање на програма за мерки за справување со кризата. Од министерството за финансии објаснуваат дека ваков закон се носи по примерот на повеќе земји од светот кои воведоа или најавија дека ќе воведат т.н. данок на екстра профит, а како пример ги наведуваат Хрватска, Бугарија, Грција, Велика Британија, Италија, Шпанија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.