Косово ги прогласи за терористички организациите „Цивилна заштита“ и Бригада север“

news
Advertisement

Владата на Косово ги прогласи за терористички организациите „Цивилна заштита“ и „Бригада Север“, со образложение дека нивни членови стојат зад немирите на северот на Косово.

Advertisement

„Врз основа на оценките на косовските безбедносни институции, илегалната формација „Цивилна заштита“ и нејзините компоненти и „Северна бригада“ претставуваат сериозна и директна закана за уставниот поредок и безбедноста на Косово“, рече косовскиот премиер Албин Курти.

Според Курти, овие две организации извршиле акции „со терористички елементи“ како што се вооружени напади врз припадници на косовската полиција, членови на Мисијата на Европската унија за владеење на правото (Еулекс), војници на КФОР (воена мисија на НАТО).

Како реакција на прогласувањето за терористичка организација од „Бригадата Север“ изјавија дека тоа нема да ги спречи да се борат „за српството и за единството“, но дека од безбедносни причини повеќе нема да ја информираат јавноста за своите постапки. Тие на Телеграм изјавија дека нивните членови се „доброволци кои им помагаат на Србите и на српскиот народ, подготвени да го бранат својот народ и земја“.

северна Митровица – графит на Бригада север
ВИДЕТЕ И ОВА:
Што се „Цивилна заштита“ и „Бригада север“, кои Косово сака да ги прогласи за терористички?

На северот на Косово на крајот на мај се зголемија тензиите мај поради одлуката на косовските власти да ги преземат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, за да можат градоначалниците Албанци да имаат пристап до нивните канцеларии. Србите, кои го сочинуваат мнозинството во тие општини, остро се спротивставија затоа што ги бојкотираа априлските избори и не ги прифаќаат резултатите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.