„ЈА ОДБИ НАШАТА ПОНУДА“: Руски претставник откри како дојде до раздор меѓу Пригожин и Путин

news
Advertisement

Откако Евгениј Пригожин одби да потпише договор со руското Министерство за одбрана, тој беше информиран дека групата „Вагнер“ нема да учествува во војната во Украина, рече Андреј Картаполов, шеф на комитетот за одбрана на Државната дума, одговарајќи на прашањето за тоа како дојде до конфликтот меѓу Вагнер и врвот на руската влада.

Advertisement

„Неколку дена пред обидот за бунт, Министерството за одбрана објави дека сите вооружени формации мора да потпишат договор со Министерството за одбрана. И сите, освен Вагнер, почнаа да ја исполнуваат оваа одлука. Освен Пригожин. Тој одби“, додаде тој.

Според Спутник, Пригожин тогаш бил информиран дека во тој случај Вагнер нема да биде вклучен во водење на „специјална воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата на Украина.

Во исто време, тоа значеше и дека Вагнер нема да добие финансиски и материјални ресурси.

„И што се случи: нема да се одвојуваат повеќе пари – под еден; прекумерни и глупави амбиции – под два; преголема возбуда – под три. И сето тоа се собра во предавство и измама на неговите соборци“, заклучи Картаполов.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.