Ковачевски: Да бевме во Северна Кореја немаше ни да поставите прашање

news
Advertisement

Запрашан кој му го прави ПР за замрзнување на производите, во контекст на сликањето по маркетите и проверките, како и дека “изминатиот период така се сликал и првиот човек на Северна Кореја, а колку што се знае Ковачевски е премиер на Северна Македонија“, премиерот Димитар Ковачевски му одговори на новинарот на „ТВ Алфа“ дека прашањето не му е на место. „Констатацијата не ви е на место и нема да ви одговорам, а ако бевте во Северна Кореја, тогаш немаше ни да ви биде дозволено да поставите прашање“ – рече Ковачевски.

Advertisement

Во однос на првиот дел од прашањето кој производ е следен за замрзнување, премиерот истакна дека тие процеси следуваат по анализите на Министерството за економија, кое доставува предлог до Владата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.