Само 169 Бугари во Македонија се пријавиле за гласање на бугарските избори, во Охрид ниту еден

news
Advertisement

Во Битола, каде што беше отворен клубот „Ванчо Михајлов“, се пријавиле само девет гласачи. Најмногу, пак, има во Кавадарци и во Прилеп – 42, односно 41
Додека годинава 169 лица ќе гласаат на избирачките места во Северна Македонија, на двата изборни циклуси во Бугарија во 2021 година, во земјава гласаа по 413 и по 510 лица
Само 169 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април годинава.

Advertisement

Станува збор за лица кои ќе гласаат на избирачките места што на денот на изборите во Бугарија ќе бидат отворени во Северна Македонија, како и во други држави во Европа и во светот.

Списоците на пријавени за гласање се објавени на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи од седум избирачки места во исто толку градови во земјава, ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово. Избирачко место е предвидено и во Охрид, каде што беше отворен и бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, но за таму не се пријавил никој.

„Списокот не е предмет на објавување бидејќи нема лица кои изразиле желба да гласаат“,

пишува за избирачкото место во Охрид.
Во шесте останати градови, пак, најмногу гласачи ќе има во Кавадарци и во Прилеп, а најмалку во Битола, градот во кој се отвори бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Конкретно по градови, бројот на пријавени гласачи е:

Скопје – 15 гласачи;
Кавадарци – 42 гласачи;
Битола – 9 гласачи;
Прилеп – 41 гласач;
Струмица – 22 гласачи;
Тетово – 40 гласачи.
Ова е најмала бројка на гласачи од Северна Македонија во споредба со претходните два изборни циклуси во Бугарија. На изборите во јули 2021 година гласаа 413 лица, а во април 2021 гласаа 510. И во двата наврати, најмногу гласови освои партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.

Бројот на лица кои на пописот во 2021 година во Северна Македонија се декларираа како Бугари, пак, беше 3 504.

Во земјава живеат 3 504 лица што се декларираат како Бугари

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.