Случај Мерко: Во улога на спасители, институции кои самите потфрлија

news
Advertisement

Случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, ја покажува нефункционалноста на нашите институции, вели адвокатот од Струга, Ардиан Демири. Тој е скептичен дека контролата на работата на локалните судови и обвинителства ќе даде резултати.

Advertisement

„Случајот со г-дин Мерко ја покажува нефункционалнста на системот. Јас сум скептик дека институциите кои што имаа надлежности да вршат контрола за да не дојде ситуацијата до тука, тие сега треба да се јават како спасители, односно како контрола за тоа што е случено досега, што мислам дека е малку апсурдно, што не е реално.Не верувам дека такво нешто може да се случи“, вели Демири.

Демири вели дека Мерко е феномен сам по себе. Според него најдобро во овој момент е да се формира Специјално тело, налик на Специјалното јавно обвинителство од 2015 година, кое ќе има за задача посериозно да се позанимава со како што вели со ваков тип на криминал со цел да му се помогне на опшеството во справување со вакви феномени. Тој не е оптимист дека сегашните правосудни органи ќе ја истераат правдата до крај.

„Господинот Мерко е феномен, кој е производ на овој систем, кој ние го имаме изградено во последните години. Ова што го слушаме деновиве за Мерко, односно институциите кои меѓусебно се обвинуваат само го докажува тоа дека ние фактички имаме проблем со системот, немаме проблем со феномени. Ако не го решиме ние проблемот со системот, ние феномени како господинот Мерко и полоши и подрастични од Мерко ќе имаме не само во Струга“, додава Демири.

Американскиот Стејт Департмент минатиот понеделник го стави Рамиз Мерко на црната листа на САД, заедно со целото негово семејство, поради вмешаност во корупција и влијание врз судски предмети. Потоа Јавното обвинителство излезе со информација дека против Мерко се активни шест предмети, од кои некои се наоѓаат во предистражна постапка од 2015 година. За потоа, тим од ОЈО да изврши контрола врз предметите во ОЈО Струга и Вишото јавно обвинителство во Битола, а тим од судскиот совет, ја чешлаше работата на Основниот суд во Струга.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.