Синоптичарите не ја исклучуваат можноста студот и мразот да се вратат напролет

news
Advertisement

Високите температури и недостатокот на снежни врнежи во овој период од годината се невообичаени, но се резултат на климатските промени, велат синоптичарите. Велат дека границите на годишните времиња се поместени за околу еден месец и не ја исклучуваат можноста студот и мразот да се вратат напролет.
Агрометеоролозите велат дека засега состојбата не е алармантна, но може да биде следниот период доколку продолжат високите температури.
Синоптичарите и во текот на оваа недела најавуваат слично сончево време со температури од 10, 11 до 18 степени, освен утре кога се очекува да биде облачно и да има слаб локален дожд. Највисоките дневни температури за овој период од годината се очекуваат во петок, и да се движат од 12 до 19 целзиусови степени. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота, додека дневните температури ќе бидат во благ пад, но сепак ќе биде топло.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.