Advertisement
Косово: Полицијата уапси седум лица, осомничени за „пристап до компјутерски системи“, „измама“ и „перење пари“
Објавено 11:41 21 февруари 2024 година
Седум лица се приведени во полиција во средата, по акцијата на Специјалното обвинителство.
Advertisement
Тие се осомничени за повеќе кривични дела „Пристап до компјутерски системи“, „Измама“ и „Перење пари“.
Во акцијата спроведена на седум локации, одземени се повеќе автомобили, оружје, муниција, значителни материјални средства, како и други материјални докази за кои постои сомневање дека се употребени за сторени кривични дела, се вели во соопштението на Специјалното обвинителство. пренесува Klankosova.tv.
Advertisement