Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог?

news
Advertisement

„Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и имале многу посилни оргазми од другите“ – тврди докторката Рена Малик.

Advertisement

о едно од видеата на YouTube, урологот и сексолог доктор Рена Малик одговара која секс поза значително може да ви го подобри сексуалниот живот, затоа што ја зголемува возбудата и интимноста меѓу партнерите.

Таа на својот YouTube канал често одговара на прашањата поврзани со сексот, а овојпат зборуваше повеќе за секс позата „Техника на усогласување на елементите“ (coital alignment technique или CAT) која е една верзија на мисионерската, а се тврди дека може значително да ви го подобри сексуалниот живот.

Станува збор за секс поза во која партнерот легнува врз партнерката и речиси и да нема место врз нив, така што со пенисот го допира клиторисот.

Но, наместо да пенетрира во неа и двајцата партнери треба полека да се движат.

„Станува збор за еден вид танц и партнерите мора да се движат заедно и да работат заедно. Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и имале многу посилни оргазми од другите“ – тврди докторката.

Според неа потребно е малку повеќе време и вежбање за да ја усовршите техниката, но кога еднаш ќе ја усовршите задоволството е загарантирано.

„Можеби нема да ви успее првиот пат… Но, воопшто целта не ви е да стигнете до оргазам, затоа што тоа може да доведе до вознемиреност заради преран оргазам. Целта ви е да постигнете поголема физичка интимност на нов начин“ – појаснува таа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.