Уапсени 17 затворски полицајци од КПУ Идризово,дел од нив се сомничат за поврзаност со осуденик

news
Advertisement

Вкупно седумнаесет затворски полицајци од затворот Идризово се уапсени како осомничени дека овозможиле или помогнале во бегство на осуденик за убиство.

Advertisement

Тој избегал на 26 октомври лани, а за шестмината заѕтворски полицајци кои денот во две смени биле задолжени да го обезбеудваат сега се бара притвор..

-Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со патничко возило да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници “, соопшти Обвинителството.

Истиот осуденик и претходно во повеќе наврати кога бил спроведуван во болница, со амин на затворската полиција со часови излегувал по што пак се враќал. Дека ова му го овозможиле обвинителството води предистрага за 11 припадници на затворската полиција за кои се бараат мерки за претпазливост..

-Во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад,- -ОЈОГОКК.

Денешната акција доаѓа неколку дена по големиот претрес во Идризово во кој според информациите биле пронајдени голем број на недозозволени предемти, но засега ниту МВР ниту Обвинителството не соооштуваат дали има осомничени и за кои дела..

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.