Премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), рече дека патриотски чин е, односно, да ја сакаме татковината значи да имаме повеќе деца.
„Да ја сакаме татковината, значи да имаме повеќе деца, да бидеме родители и да веруваме во иднината на земјата. Формирањето на семејство е најпатриотски чин. Ако сакаме развиена држава, семејството е одговорот за овој предизвик“ рече Мицкоски на седницата во Владата.
На оваа тема Фактор одлучи да истражи колку големи „патриоти“ се членовите на Владата, со оглед на тоа што нивниот претседател смета дека многудетното семејство е акт на патриотизам. Иако за жал, во недостаток на официјални информации, користевме интервјуа за личните животи и социјални мрежи успеавме да пронајдеме податоци само за неколку министри.
Најголем дел од владините членови имаат по две деца. Тука спаѓаат министрите Панче Тошковски, Цветан Трипуновски, Борко Ристовски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајловски, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој има двајца синови.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски како и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, имаат по еден еден син, додека пак за министрите Стефан Андоновски, Весна Јаневска, Изет Меџити, Игор Филков, Златко Перински, Сања Божиновска, Орхан Муртезани, Иван Стоиљковиќ нема податоци.
Најистакнати политички фигури со повеќедетни семејства се Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев. Милошоски има пет деца, додека Ѓорчев четири, но тие не се дел од владата.
*Напомена, информациите се од дадени интервјуа на политичарите или од извори како Википедија и биографии.
Р.Ф
Извор: ФАКТОР