Кој е Томе Блажески, претседателот на бугарскиот клуб во Охрид?

news
Advertisement

Охриѓанецот Томе Блажески е актуелен лик откако денес во Охрид се отвори бугарскиот клуб ,,Цар Борис Трети”. Пошироката јавност за него слушна од неодамна, кога лани во ноември го регистрираше истоименото здружение и официјално, се претставува како претседател на истото.

Advertisement

За него, охриѓани со кои разговараше ,,Фокус” велат дека се изненадени што се решил во градот да отвори клуб именуван според бугарска историска личност. Го опишуваат како семеен човек, татко на две малолетни деца, кој заработувал за живот продавајќи маски и додатоци за мобилни телефони на тезга.

Неговите родители пред повеќе од 20 години останаа без работа и си заминаа во Канада. Колку што знаеме, и Тони еден период беше таму. Не знаеме зошто се врати во Охрид, продаваше маски за мобилни телефони на тезга. Започна да се занимава со бугарски историски книги, им ги нудеше на сограѓаните. Сите не изненади ова што се случува. Револтот не ни е поради отворањето на бугарски клуб, туку поради именувањето на клубот според личноста.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.