Кој е Eлмедин Адеми, бизнисменот од два милиони евра на ДУИ: Јахта, очила и скапа гардероба

news
Advertisement

Откако министерот за надврорешни работи Бујар Османи изјави дека не знаел оти фирмата Еуровиа е донатор на ДУИ, на социјалните мрежи почнаа да излегуваат фотографии за сопственикот Елмедин Адеми. Тој е фотографиран со целото раководство на партијата сосе Османи.

Advertisement

Фирмата на Адеми сосема случајно е избрана од МНР на Османи за 1,8 милиони евра да ја адаптира салата „Борис Трајковски“ за потребите на Самитот на ОБСЕ,

Адеми на социјалните мрежи самиот се фали со својот луксузен живот. Фотографиран е на јахта, има бренирана гардероба, а има скапи очила.

Поради сево ова Антикорупциската комисија најави дека ќе отвори постапка за Османи, МНР и Адеми и неговата фирма како токму тие се избрани.

Фирмата „Еуровиа“ ќе ја гради и полициската станица во Аеродром.Цената е фиксна-два милиони евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.