Кој искористил-искористил, сите креваат раменици на прашањето, што со предвреме положените правосудни испити

news
Advertisement

Кој искористил-искористил. Сега сите креваат раменици на прашањето, дали има санкции и постои ли законска можност да им се поништи предвреме положениот правосуден испит на студентите кои полагале со потпис од екс министерот, откако се стекнале со уверенија со техничка грешка, дека за три години завршиле Правен факултет со седми степен од четири години.

Advertisement

Министерот Тупанчевски вели дека, дефинитивно, некој забележал дека дискреционите овластувања се злоупотребуваат и затоа во законот од 2019 година, тие се забранети.

Правната фела деновиве жестоко реагира на овие злоупотреби. Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски вели дека не знае за таков случај, во спротивно би го пријавил. Потсетува дека постои закон за полагање на правосуден испит и ако некој го прекршил, треба да одговара.

Просветните инспектори кои истражувале по барање на Антикорупционерите, утврдиле дека се спорни 449 дипломи. Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети, призна дека има такви студенти, но тврди дека се работи за бројка од двесте лица кои за една година добиле уверенија со техничка грешка, на кои е наведен називот 7/1. Меѓу овие таканаречени технички грешки како е и синот на Талат Џафери, Барлет, кој првин положил правосуден испит, а потоа ги завршил мастер студиите.

Слчедниот месец се очекува тој да дипломира на Академијата за судии и јавни обвинители и да пополни некое од испразнетите места за судии или обвинители.

Далиборка Демјанска Цветановска

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.