Кралицата Елизабета Втора беше цели 70 години на тронот иако немаше формално образование

news
Advertisement

Британската кралица Елизабета Втора почина вчера на 96-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал. Нејзиното Величество важеше за најмоќниот британски монарх, а на тронот беше цели 70 години. Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква.

Advertisement

Елизабета Втора е родена во Лондон во 1926 година. Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери. Нејзиниот татко бил британскиот крал Џорџ Шести, кој дошол на власт кога неговиот брат Едвард Осми абдицирал за да може да се ожени со Американката, Волис Симпсон.

Членовите на британското кралско семејство се различно образовани. Тие се школувале на различни факултети каде покажале различни успеси. Но, дали сте знаеле дека кралицата не положила ниту еден испит во нејзиниот живот?

Кралицата Елизабета Втора од мали нозе била во друштво на политичари и филмски ѕвезди, течно зборува француски, но никогаш не положила ниту еден испит во животот.

Иако имала „склоност кон учење“, Елизабета немала време за официјално школување, затоа што морала да учи за уставната монархија уште од рана возраст. Спротивно на тоа, нејзините деца и внуци уживале „понормално“ образование од неа.

По абдикацијата на нејзиниот чичко Едвард Четврти во 1938 година, Елизабета морала постепено да се подготвува за кралската улога. Така уште во раното детство, таа почнала да ги изучува правилата и законите на монархијата. А подоцна посетувала и часови по уставна историја.

Но, формалното образование не било приоритет за нејзините родители.

„Таткото на кралицата немаше високо мислење за училиштето, а нејзината мајка сметаше дека забавата е поважна во животот отколку образованието“, во една прилика изјави историчарката Кејт Вилијамс, авторка на книгата „Младата Елизабета“.

„За разлика од нејзиниот татко, кралицата беше и е многу бистра, и отсекогаш имала остар ум и апетит за учење. Недостатокот на формално образование не ѝ нашетети премногу во животот затоа што таа по природа е аналитична и многу вредна“, вели Вилијамс.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *