Кривична за Талат Џафери, па нова иницијатива за референдум

news
Advertisement

Левица поднесе пријава до Јавното обвинителство за кривично гонење на првиот човек на Собранието Талат Џафери со образложение дека тој со своја волја и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот оневозможил спроведување на граѓанска иницијатива за организирање на референдум. Сепак, Џафери е убеден дека не ја толкувал, туку ја оценувал суштината на иницијативата за референдум. Тој во интервју за Телевизија 24 рече дека не ги прекршил своите овластувања.

Advertisement

Џафери вели дека ниту една досегашна кривична пријава против него не била успешна бидејќи се утврдувала регуларност на неговото постапување. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека освен што Џафери ги прекршил Уставот и законите кога ја отфрлил нивната иницијатива за референдум, воспоставил и опасна практика.

Уште една иницијатива за референдум сега најавува Левица. После тоа, македонските опозициски партии се подготвени за поригорозна блокада на законодавниот дом./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.