Крмов на протест со пензионерите – Со 12.000 денари не се живее, заслужувате многу повисока пензија

news
Advertisement

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно се одржа протест од страна на пензионерите кои побараа линеарно покачување на пензиите. Помеѓу протестирачите беа членови на Левица кои го поддржаа овој протест, меѓу кои пратеникот Борислав Крмов и Координаторот на Социјален сектор – Катерина Јовановска. Во прилог ви го пренесуваме обраќањето на пратеникот до пензионерите:
„Можам да кажам и тоа што го барате е малку, имате право на повеќе. Достоинствен живот нема со тие пари што ги добивате, таа најниска пензија од 12 000 денари,и под 12 000 денари ја зема баба ми лично во Штип тоа не е доволно ниту за две недели.

Advertisement

Вие од пратениците на Левица имате целосна поддршка за сите ваши барања. Ние ќе направиме се што можеме, ние сме само двајца, ќе притискаме во јавноста, ќе поднесеме предлог закон ќе го притискаме министерството (за труд и социјална политика), се што можеме за да ги добиете вашите права и да добиете во последните децении од вашиот живот да бидат достоинствени а не да бидете како кучиња на улица што е срамота.“

📸 Watch this video on Facebook
https://www.facebook.com/share/v/o9kbCPGCSf5F41Yh/?mibextid=jmPrMh

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.