Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче

news
Advertisement

Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.

Advertisement

Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства, на што до моментот на објавување – не добивме одговор. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму очекуваме одговор.

Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Извор. https://infomax.mk/%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82/?fbclid=IwAR23kKbjQw4ZIIZDUpWQAgbtUTiUYVA_whoHL-hQVaYHn6T5X-aX1qfyP0Q

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.