Кузеска: Платите и пензиите повторно ќе растат, 2023 година ќе биде подобра

news
Advertisement

„2022 година беше година на предизвици и справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Благодарение на навремените и ефикасни мерки преземени од Владата предводена од СДСМ, успеавме да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и да им помогнеме на компаниите“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа напомена дека „успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе бде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат“.

Advertisement

„Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари. Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори. Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто. Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места кои ја намалуваат стапката на невработеност“ рече Кузеска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.