Кучињата скитници страв и трепет низ Тетово, општината со ветување дека ќе ги згрижи во стационар

news
Advertisement

Бројот на бездомни кучиња низ Тетово се зголемува, но општината очигледно според состојбата на терен освен ветувања, не презема никакви мерки за решавање на проблемот.

Advertisement

Бездомните животни се насекаде низ секое тетовско маало.

На Општина Тетово соработката со Здружението „Амос шелтер“ кое залови 82 кучиња пред речиси една година им заврши и сега состојбата е статус кво, а бројката на бездомни животни од ден на ден се зголемува.

Сега локалната власт вели дека е на повидок решавање на проблемот со кучињата скитници, а за таа цел веќе се одобрени средства од буџетот на општината.

„Ова е сериозен проблем ние одвоивме средства за оваа намена, се работи за околу 4 милиони денари за изградба на стационар за третирање на кучињата. Отворена е јавна набавка и фирмата која ќе го добие тендерот ќе работи на решавање на проблемот. Оваа година ќе биде решен проблем“, информираа од Општина Тетово.

Полициските билтени се преполни со напади од кучиња скитници. Во еден ден се регистрираа и над 5 напади претежно на стари лица од овие незгрижени животни.

Општинските власти во неколку наврати се правдаа дека се носат кучиња скитници од другите општини во Тетово, затоа бројката на бездомни животни во Тетово од ден на ден расте. Оттаму најавија дека во соработка и координација со државните власти, ќе изнајдат начин за заеднички пристап и решавање на проблемот.

Пред една година, општината објави и Правилник за начинот и постапката на утврдување и исплата на надомест на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.

Целта е како што посочија оттаму, Општина Тетово да им излезе во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурите за вакви случаи се поедноставуваат, воедно и се намалуваат, односно се избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители и адвокати.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.