Со автомобил удрил во три возила и повредил пешак

news
Advertisement

Во Штип утрово во 5 часот на ул.„Борис Кидрич“ патничко возило „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.Селце-штипско, удрило во паркирани возила: товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки и патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип.

Advertisement

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.