Кучиња-скитници во камион, ги товараат како компири

news
Advertisement

Општините во земјава често се жалат дека одредени лица со камиони превезуваат кучиња од други градови за да ги пуштат на нивна територија. Но, досега никој не пријавил ваков случај, ниту пак доставил докази до МВР. Во текот на август ЈП „Лајка“ пријавила во полиција дека нешто слично се случило и во Скопје.

Advertisement

„На 12.08.2022 година во Полициската станица Центар од ЈП „Лајка“ било пријавено дека на 10.08.2022 година во временскиот период од 17:00-17:30 часот на подрачјето на Центар на улица „Орце Николов“ од едно лице биле пуштени кучиња. Исто така, на 11.08.2022 година околу 00:30 часот во Градскиот парк во Скопје, ЈП „Лајка“ повторно забележала кучиња без ушни маркички, кои наводно биле пуштени од нерегистрирано прифатилиште. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Но, од МВР не соопштуваат дали имаат траги кои би ги одвеле до сторителите на овие „преселби“ и дали имаат информации оти нешто слично се случува и во други општини. Директорот на Јавното претпријатие „Лајка“ вели дека капацитетот што го има ова претпријатие е многу помал во однос на бројот на кучињата скитници во главниот град. Пред неколку дена Советот на Град Скопје расправаше за давање помош од 10 милиони денари на ова претпријатие, но тоа не доби доволно гласови.

Процесот на пребројување на кучињата скитници во Скопје беше најавен за следнава недела, но денеска директорот на „Лајка“ ни рече дека овој процес е одложен и се планира да започне кон средината на следната недела./Alsat.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.